Рачна изработка

Квалитет на рачна изработка

Рачно направените Шларафија душеци се со врвен квалитет и нивниот животен век е значително подолг од машински направените душеци.

Шларафија душеците, со многу љубов, прецизност, посветеност и занаетчиски техники кои ги усовршуваат веќе 80 години, ги прават нашите вредни мајстори во работилницата во Винча. Рачно изработените душеци имаат рачно изработено јадро, кое има максимална густина со дополнителни странични спојки помеѓу пружините. Специфичната технологија на рачната изработка овозможува производство на рачно изработување на јадра H-14 според принципот на плетена тантела. Единственоста на рачно изработените душеци се гледа и во тоа што можат да се нарачат во било која форма и во било која големина.


Супериорноста на рачно изработеното јадро

Супериорноста на рачно изработеното јадро од жици во однос на обично фабричко јадро се гледа во многу помало напрегнување на секоја пружина поединечно, во споредба на многу поголем број на пружини на истата површина. Исто така, пружините се поврзани во четири точки, така да една пружина никогаш сама не поднесува оптеретување туку го пренесува на соседните пружини, а јадрото многу подолго трае и ги задржува истите особини многу години.

За сите рачно изработени душеци производителот дава 15 години гаранција за непроменливост на својствата на јадрото.


Вештите раце на мајсторите

Осумдесет годишната занаетчиска способност и традиција на рачно изработување на душеци ги прават Шларафија душеците вистински и единствен избор за сите оние кои го сфаќаат значењето на квалитетен и здрав сон. Иако индустрискиот развој значително унапреди многу технолошки процеси, рацете, сепак, претставуваат најсовршена „машина“ која до ден денеска по совршенство не ја престигнала ниедна машина.

Ние во Шларафија тоа го знаеме и затоа за нашите купувачи рачно правиме најквалитетни душеци. Душеци на кои најубаво се спие.