Душеци
Квалитетот на душекот на кој спиете значајно влијае врз квалитетот на Вашиот сон, а со тоа и на квалитетот на Вашиот живот. Бидејќи сите Шларафија душеци имаат врвен квалитет, опуштете се и не размислувајте дали сте на вистинско место. Ние тоа го гарантираме со квалитетот на душекот кој го прават вредните раце на нашите мајстори. Сепак, наш совет е кога избирате за себе, партнерот, децата или родителите, не брзајте. Дојдете во нашите продавници, поразговарајте со нашите продавачи. Задолжително испробајте ги сите модели на Шларафија душеците. Ние сакаме да пронајдете душек кој целосно ќе Ви одговара – душек на кого Вие и Вашите најмили најубаво ќе спиете.
Душеците со рачно изработено јадро од жици се најчест избор на купувачите на Шларафија душекот, бидејќи обезбедуват сѐ она што душек со врвен квалитет треба да овозможи: здрав и закрепнувачки сон, долготрајност и удобност.
Рачно изработени душеци со јадро од жици се составени од: рачно изработено јадро од жици, заштитен слој и удобен слој.
Pročitaj više
Шларафија душеци од пена се прават од латекс пена, мемориска пена и HR (high-resiliance) пена и по квалитетот на материјалите и по квалитетот на изработката претставуваат производи од врвен квалитет. Пените од кои вештите раце на Шларафините мајстори ги прават овие душеци се најдобри во класата...
Pročitaj više
Шларафија душеците за бебиња се прават од пена во таканаречената „opencell“ технологија, која на душеците им овозможува да дишат и на тој начин прават одлична подлога за спиење на бебињата, а исто така претставуваат и негостољубива средина за бактериите и грините. Навлаката на Шларафија душеците се вади и пере, што ги прави овие душеци многу попрактични.
Pročitaj više